![droga](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/droga1.jpg?resize=696%2C492&ssl=1)
СВР Скопје-Одделението за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против М.Ј.(31), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик.
Имено, вчера, по претходна судска наредба бил извршен претрес кај осомничениот во стан кој го изнајмил.
При претресот во домот пронајдени биле: марихуана, дигитална вага со остатоци од дрога, семки од канабис, таблети бупренорфин.