Во Словачка евакуирани над 60 судови поради бомбашки закани

Повеќе од 60 судови во Словачка се евакуирани по анонимен телефонски повик дека е поставена бомба во еден од окружните судови.

Словачката полицијата потоа затвори 54 окружни судови и осум обласни судови и изврши претрес.

Словечките судови се’ повеќе се цел на закани со бомби, но досега сите беа лажни.