Во Словенија до 10.000 евра казни за кршење на ковид мерките

Словенечката влада во четврток ќе одлучува за епидемиолошките мерки, а владиниот стручен тим за ковид-19 предложил сите рестриктивни мерки да продолжат и во наредната недела.

Строгите мерки и затворањето во Словенија се на сила речиси еден месец, а некои сметаат дека треба да останат на сила до крајот на годината.

Премиерот Јанез Јанша денеска во Парламентот ќе го претстави новиот законски пакет на помош за коронакризата кој меѓу останатото донесува зголемување на казните за прекршителите на епидемиолошките мерки кои би се наплатувале во износи од 1.000 до 10.00 евра.