Во Словенија двојно повеќе случаи од вчера, министерот нуди оставка?

Во Словенија, потврдени се нови 1048 инфекции со коронавирус во последните 24 часа (од 4457 тестови), што е повеќе од двојно од претходниот ден. Ова е сѐ уште неофицијална информација пренесена од словенечките медиуми утрово.

Процентот на позитивни тестови се уште е околу 24, поради што владините претставници вчера изразија релативен оптимизам дека врвот на вториот бран на епидемијата веќе поминал, и покрај сè уште загрижувачкото зголемување на хоспитализациите. Сепак, владата има спротивставени мислења за тоа дали да ги намали ограничувачките мерки или дури и да ги заостри, јавуваат словенечките медиуми.

Министерот понудил оставка доколку не се заострат мерките?

Како што соопшти синоќа комерцијалната телевизиска станица ПОП-ТВ, министерот за здравство Томаж Гантар е за заострување на мерките, вклучително и натамошно намалување на сообраќајот и работата на продавниците и услугите, а според некои медиуми тој понудил и оставка доколку не бидат заостри мерките или се случат нивни отстапки, објави Индекс.хр.

На тоа најмногу се спротивставувал министерот за економија, Здравко Поцивалшек, предупредувајќи дека тоа ќе предизвика голема економска штета, додека премиерот Јанез Јанша вели дека треба строго да се почитуваат постојните мерки за да не се воведат нови мерки, тврдат утрово медиумите во Словенија.

Комплетни податоци за состојбата во болниците и единиците за интензивна нега, со бројот на смртни случаи и сите други податоци, ќе ги објави владата во текот на денот.