И покрај полицискиот час и новите владини мерки, во Словенија е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирус- 1.503.
Во последните 24 часа се тестирани 5.891 лица, а од тој број 1.503 се позитивни.
„И покрај сите мерки, вирусот и понатаму брзо се шири во Словенија, а овие бројки се нов рекорд“, наведуваат медиумите.
Бројот на активни случаи во Словенија сега е зголемен на 8.860.
Починале уште осум лица, што го зголемува вкупниот број на починати од коронавирус во Словенија на 200, јавува РТВ Словенија.
Во Словенија вчера е воведен прв полициски час од нејзината независност.