Словенија ја зафати снежна бура, што се покажа како најсилна во последните неколку децении.
Поради обилните снежни врнежи и голомразицата без струја останале околу една четвртина од домаќинствата во земјата, пренесе „Би-Би-Си“. Околу 250.000 лица се погодени од лошите временски услови.
Владата на Словенија побара помош од соседните земји и да обезбедат преносни дизел генератори. Според првичните проценки на властите, обновата на инфраструктурата на земјата може да потрае неколку месеци.
Лошото време ги зафати иХрватска и Србија.