Топлото време на Зимските олимписки игри во Сочи не ги изненади само организаторите, туку и натпреварувачите.
Температурата во градот кој се наоѓа на брегот на Црното Море, достигна до 18 степени. Дека навистина е топло во Сочи, потврдија и натпреврувачките на американскиот нордиски тим, кој се слекоа по куси ракави.
Високите температури беа причина организаторите да го поместат машкиот спуст за еден час порано. Утрешниот спуст наместо да се вози во 8.00 чаот, ке стартува во 7.00 часот наутро.