Во Сончевиот Систем забележана планета во зародиш

Астрономите открија небесно тело со радиус од 1,3 километри на крајот на Сончевиот Систем, што на некој начин, беше предвидено пред 70 години, но досега зародиш на планета во нашиот систем конкретно не е забележан.

Вселенското тело се наоѓа на 30-55 астрономски единици оддалечено од Сонцето, близу, но надвор од Орбитата на Нептун. Астрономската единица е средното растојание помеѓу Земјата и Сонцето т.е. должина еднаква на 149.597.870,7 километри.

Научниците сметаат дека појасот познат под името Еџворт-Којперов Појас, се состои од остатоци од формирањето на планетите. Поради малото количество сончева светлина, астероидите и кометите во тој дел на Сончевиот Систем си останале какви што биле и пред милијарди години.

Според научниците откривањето на ова небесно тело ја потврдува хипотезата, според којашто така наречени планети во зародиш достигнуваат мал размер во раната фаза на својот развој и потоа брзо ја зголемуваат својата маса.