Во сообраќајката на автопатот Неготино-Демир Капија загина жена од Германија

Шеесет идвегодишна жена од Германија е жртвата во тешката сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот на автопатот Неготино – Демир Капија.

Претходно денеска околу 11,20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, 36-годишниот М.А. од Германија, управувајќи автомобил „БМВ“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А., на 62 години од Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.

Претходно денеска беше информирано дека се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај бензинската станица, а според информациите од Брза помош при Здравствен дом Неготино, едно повредено лице било пренесено во болница во Велес, а две во кавадаречката болница.