Во сообраќајната незгода кај Радовиш има повредени

Oколу 9 часот утринава на излезот од Радовиш, на клучката за Струмица, се случи сообраќајна незгода, во која според првичните информации на полицијата нема загинати, но има повредени.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, засега не е познато колку и кои возила учествувале во незгодата, а според информациите со кои таа располага нема загинати.

-Увидот на полицијата се уште трае и заради тоа сообраќајот по магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица е пренасочен по стариот пат, рече Трајанова.

Повеќе детали за сообраќајната незгода од полицијата најавуваат за подоцна.