Во сообракајна несреќа на патот Гостивар – Кичево едно лице загина, а две се повредени

Ноќеска (14 февруари), десетина минути по полноќ, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост, патничко моторно возило “бмв”, со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево излетало од коловозот.

Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатничката Н.С. (52) и сопатникот Ќ.А. (52), исто така, од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад”, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на ЈО телото на М.С. е предадено за обдукција.