Во Србија има 426 новозаразени, а илјадници лежат во болниците

Во Србија во последните 24 часа коронавирусот е дијагностициран која 426 лица, а од неговите последици починаа 8 пациенти.

Тестирани се 11.521 лица, а 205 пациенти се на респиратор, а хоспитализирани има 4619.

Министерот за здравство Златибор Лончар реагираше на отвореното писмо кое укажува на негативната состојба во јавното здравство и со кое се бара смена на Кризниот штаб на Србија.

Тој наведе дека не се работи за струката, туку за политика, говорејќи дека потписниците се од опозициските партии, а некои работат и во странство.

Отвореното писмо кое го коментираше Лончар го потпишаа 800 лекари.

Во повеќе од 30 градови и општини во Србија поради ситуацијата со коронавирусот прогласена е вонредна состојба.