Во Србија нови 392 случаи на коронавирус, десет лица починаа

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 9.910 лица, од кои 392 се позитивни, додека починати се 10 лица.

На респиратори според последните податоци од Министерството за здравје и Институтот Батут се наоѓаат 184 лица.

Градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ истакна дека „ситуацијата во градот е драматична“, а потоа беше донесена одлука за воведување на нови рестриктивни мерки како затворање на базените, спа и велнес центрите и забрана за спортски и културни манифестации.