Во Србија се продаваат чоколатца со ликот на Голема Албанија

Во неколку големи маркети во Србија се појавиле бонбониери со скандалозна содржина. Во нивната внатрешност имало чоколатца со облик на Голема „Албанија“, пишува „Курир.рс“. Покрај тоа, на нив пишувало дека се „увоз од Косово“ што е спротивно од српските трговски закони според кој Косово е составен дел од Србија и во никој случај не може да биде да биде увозен производ.

Се испитува како спорниот артикл се нашол во продавниците.