МВР на Србија денеска уапси 11 лица кои ширеле детска порнографија, снимале и дистрибуирале порнографски содржини на малолетници, пишува Блиц.
Според соопштението на МВР, овие лица контактирале со децата преку Интернет и со нив договориле средби поради сексуални односи.
Во акцијата „Армагедон“ уапсени се М.М.(1995) од Пирот, М.М.(1995), М.М.(1983), И.М.(1981) и Ф.Б.(1999), сите од Белград, како и Н.Т.(1995) од Топоница, А.С.(1978) од Панчево, Д.М.(1984) од Суботица и С.Н.(1981) од Турија. Уапсени се и Ф.Р.(1996) од околината на Чачак и И.А.(1964) од Власотинце.
Тие се обвинети за, во текот на подолг временски период, преку Интернет, користење на една апликација за споделување датотеки или пребарувач за прикривање локации, преземање, складирање на компјутерски хард дискови и споделување содржини создадени со искористување на деца за порнографски цели.
Исто така, постои сомнеж дека комуницирале со малолетници преку социјалните мрежи, им праќале фотографии и видеа од порнографски содржини и добивале содржини создадени со експлоатација на малолетници, но и договарале средба со нив поради сексуални односи.
При претресот на становите на осомничените беа пронајдени поголемо количество видео клипови и фотографии создадени со искористување на малолетници во порнографски цели, содржини за сексуална експлоатација на деца на возраст од пет до 12 години, како и други фотографии и видеа на деца кои се злоупотребувани за порнографски цели.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.