Повеќе од 1.500.000 граѓани досега се вакцинирани во Србија, објави „Танјуг“.
До вчера, 531.000 луѓе ја примиле втората доза на вакцината.
Граѓаните на Србија се вакцинираат со вакцините против Ковид-19 со руската вакцина „Спутник В“, кинеската „Синофарм“, американско-германскиот Фајзер / Бионтек и британско-шведската „АстраЗенека“.