Во Србија 36 луѓе уапсени поради препродажба на овошје и зеленчук од ЕУ во Русија

Српската полиција уапсила 36 лица, а против уште 43 поднела кривични пријави поради сомневање дека поради фалсификување на документација, во Русија препродавале овошје и земјоделие увезено во Европска унија и така оствариле добивка од најмалку 3,7 милиони евра, соопшти во четвртокот министерството за внатрешни работи на Србија, а министерството за земјоделие реагираше со забрана да извозат на територијата на Царинската унија, Русија и дел од поранешните советски републики, на која Србија има повластен статус, како и Македонија.

Министерството за земјоделие соопштила дека овој привилегиран статус, кој Србија го има „на едно од најзначајните пазари на светот, ќе биде заштитен“, како и дека „реномето на земјата поради интересот на поединци нема да се доведува во прашање“. Засега од истрагата на ресорните министерства нема официјални податоци од кои земји од ЕУ се увезени препродавани овошјето и зеленчукот.

Според соопштението на српското министерство за внатрешни работи, две уапсени лица се сомничат како организатори на криминална група, а меѓу уапсените се лица од компаниите „Клери Фруит“, „Вио Фруит“, „Вип логистик“, двајца службеници на институтот „Акроекономик“, 22 сопственици на земјоделски стопанства, и четворица откупувачи на овошје и зеленчук, а кривичните пријави во редовна постапка полицијата поднела уште против 43 лица.

Тие се сомничат дека овошјето од земји од ЕУ го препакувал во ладилници и ги товареле во камион за транспорт кои ги анажирала компанијата „Клери Фури“, за да го прикријат потеклото на стоките, ја мешале со ист вид овошје коешто го купувале од домашните производители, изработуваат лажна документација за потеклото.

Сите уапсени се сомнчат дека спротивно од Законот за здравје биле и Уредбата за евиденцијата на извозникот на овошје и зеленчук во Русија, издавале фитосертификати за потребите на компанијата „Клери Фруит“, иако знаејќи дека овојшјето кое го извезува ова претпријатие не е од домашно потекло, се додава во соопштението на министерството.

По полициското задржување до 48 часот, уапсените со кривични пријави ќе бидат предадени во надлежност на Специјалниот оддел за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Министерството за земјоделство порача дека оваа акција, спроведена во соработка со министерството за внатрешни работи и даночната управа, претставува „само дел од севкупните напори“ низ зачувување на системот на безбедност на храната да да се заштитат и земјоделските производители и граѓаните на Србија.

„Со пресекувањето на каналот за криумчарење на земјоделските производи на пазарите на Руската Федерација, и апсењето на сите осомничени учесници уште еднаш испраќаме јасна порака дека секој обид за загрозување на националните витални интереси, со самото тоа и интересот на секој српски земјоделец, ќе биде во корен засечен“, се истакнува во соопштението на српското министерство за земјоделство.

Вишото јавно обвинителство веќе предложило притвор за 12 од 36 уапсени, а според последните податоци, листата на осомничените е уште повисока отколку што првично соопшти полицијата, бидејќи се поднесени дури 80 кривични пријави и против сите е покрената истрага поради учество во реекспорт на земјоделски производи од територијата на ЕУ на пазарите на Царинската унија во која доминира пазарот на Руската Федерација, а на која е воведено ембарго за увоз на овие стоки од западните земји како одговор на европските и американските санкции против Русија.