По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во Вип Арената на 15.10.2017 (во рамки на “57th & 9th” турнејата), Sting се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на „Филип Втори”.
Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best off tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (19-ти декември) во 09 часот наутро, а цените ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.