Во стампедо пред прослава во Кенија загинаа четири лица, 100 се повредени

Во стампедо за влез на стадион во Кенија, каде се славеше националниот празник Денот на хероите, загинаа најмалку четири лица, а стотици беа повредени, соопштија денеска властите.

Илјадници луѓе се обидоа насилно да влезат во стадионот Керичо во западна Кенија, соопшти полицијата.

Кенискиот претседател Вилијам Руто, кој четири часа подоцна одржа говор пред илјадници луѓе на тој стадион, не ја ни спомна трагедијата.