Во Штип отворена спомен соба на Киро Глигоров

Во мултимедијалниот центар во Штип, отворена е спомен собата на Киро Глигоров, прв претседател на самостојна и суверена Р. Македонија. Во спомен собата се сместени лични предмети, фотографии, документи, ордени и признанија кои му биле доделени на Глигоров во текот на неговата долгогодишна политичка кариера, а во трајна сопственост на градот им ги отстапи неговата ќерка.

Имаме едно катче во родниот град на татко ми, кој што секогаш бил штипјанец, каде и да живеел и работел по светот, секогаш го имал Штип во себе и така било и кај нас дома. Секогаш сме знаеле дека од овде потекнуваме,изјави Донка Глигорова, ќерка на Киро Глигоров.

Според Благој Бочварски, градоначалник на Штип, ова ќе биде убава прилика овој објект и патоказ за денешните и идни генерации да можат да дојдат и да се запознаат од блиску со ликот и делото на нашиот прв претседател.