
Потврден е првиот случај со омикрон варијантата на коронавируст во Струга, информираше за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска.
Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“ против Covid-19.
„Лицето во моментот е во изолација. PCR тест правеше пред една седмица поради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на коронавирусот, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон“, изјави Струлакова – Коровешоска.
Според анкетниот лист, посочи дека лицето не знае од каде се заразило, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство.