
Во полициска акција во Струга разбиена е криминална мрежа за дистрибуција на дрога, а уапсени се функционери.
Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на денот кога ќе заврши акцијата.
Телевизијата АЛСАТ М објави дека во операцијата во село Ливада и Струга се приведени неколку лица, а меѓу осомничените и директорот на затворот во Струга, Арменд Шаќири, кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и поддржување на нелегалните активности.
Меѓу осомничените е и еден инспектор, како и претходно осудувано лице за трговија со дрога.