
Браната „Турија“ кај Струмица последниов период наликува од времето на мафијашките војни кога жртвите завршувале во длабоките води на њујоршките докови, имено за речи месец и половина во акумулацијата е пронајден повторно човечки труп, а овојпат жртвата била сокриена во резервоар за гориво од камион.
Минитсерството за внатрешни работи во понеделникот потврди дека во доцнеите попладневни часови трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација. Во информацијата се додава дека наа местото на настанот полициски службеници од СВР Струмица и јавен обвинител продолжуваат со преземање други истражни дејства за целосно документирање и расчистување на случајот.
Засега други подробности, како и информации за идентитетот на жртвата не се дадени. Повеќе детали за овој случај како и идентитетот на жртвата, полицијата најави дека ќе соопшти подоцна денеска, како и тоа дали овие два случаи се поврзани.
Претходно на 20-ти јуни година телото на струмичанецот Ристо Иљашев беше пронајдено во метално буре, исто така, во водите на браната „Турија“. Според информациите на јавното обвинителство и полицијата бурето во кое се наоѓало телото претходно било оштетено и во него поставени тегови со цел да се задржи под водата. За свирепото убиство е осомничен 52- годишен жител од селото Добрејци на кого тогаш му е изречена мерка притвор од 30 дена.
Пред да биде пронајдено телото на Иљашев, тој беше пријавен за исчезнат повеќе од еден месец. Бил уличен препродавач на девизи, а кај него не биле пронајдени околу 26.000 евра кои, според неговите блиски, ги носел со себе на денот кога исчезнал.