Во струшко Велешта со пушка пукал кон соселанец и му нанел тешки повреди

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Ќ.(53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Тој, на 25.11.2022 година, во куќа во Велешта се сретнал со Б.Д. од истото село и по меѓусебна расправија околу нерасчистени долгови, со пушка пукал кон Б.Д. нанесувајќи му тешки телесни повреди.