Конфликтните страни во Судан се согласија да го продолжат примирјето за уште 72 часа, со посредство на Америка и Саудиска Арабија, објави Ројтерс. Новото примирје стапи на сила вечерва на полноќ по локално време. Суданската армија и Силите за брза реакција (РСФ) се согласија на 72-часовен прекин на огнот.
Суданските вооружени сили (САФ) претходно објавија дека Америка и Саудиска Арабија исто така посредувале во договорот за прекин на огнот, а прекинот на огнот се користи за евакуација на странски државјани од Судан. Вооружената борба за власт меѓу суданската армија и РСФ избувна на 15 април, пренесува Танјуг.