Во судир на автобус и камион кај Куршумлија изгореа четворица патници

На магистралниот пат Ниш – Приштина кај селото Барлово, кај Куршумлија утринава околу 6,45 часот дошло до сообраќајна несреќа во која загинале четворица патници, а има повеќе повредени.

Како што соопштија од српската полиција, во сообраќајната несреќа учествувале камион и автобус на „Ниш–експрес“ кој при несреќата се запалил.

Неофицијалните информации се дека меѓу загинатите се возачите на автобусот и на камионот.

Сообраќајот е во прекин, а полицијата работи на расчистување на случајот.