Самопрогласената република Карабах која пред повеќе од три децении се отцепи од тогашната советска република Азербејџан, објави дека во судирите кои избувнаа во неделата утрото со азарбејџанските сили убиени се 16 нејзини војници, а ранети се повеќе од 100.
Меѓународниот Црвен крст ги потврди обвинувањата од Ерменија дека се нападнати цивилни населби, и извести дека има жртви и меѓу цивилите, пренесува германската новинска агенција DPA.
Судирите меѓу ерменските и азербејџанските сили во неделата избувнаа во Нагорно Карабах, регионот кој во поранешниот СССР е административно присоединет на Азербејџан во 1926 година, но еднострано се отцепи во 1988, е населен со етнички Ерменци. Судирите секогаш предизвикуваат мешународна загриженост поради стабилноста на јужен Кавказ, коридор за транспорт на гас и нафта за светските пазари.
Ерменските власти прогалсија во неделата воена состојба и општа мобилизација по новите судири, и објавија снимки од уништување азербејџански тенкови, а тврдат дека собориле и два азербејџански хеликоптера.
Ерменскиот премиер Никола Пашинјан изјави дека неговата земја судирот со Азербејџан во споредниот региот го смета за објава на војна.
„Авторитарниот режим на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев продолжува со своите непријателства. Му објави војна на ерменскиот народ. Подготвени сме за оваа војна“, изјави Пашинјан во видепото објавено на Facebook во кои тврди дека Азербејџан го нападнал регионот со воздушни и артилериски гранатирања.
Ја повика меѓународната зедница да стори сѐ што може за да ја спречи интервенцијата на Турција во судирот, како што беше случај во некои претходни конфликти меѓу двете земји во минатото.
Пашинијан изјави дека сегашните судири во Нагорно Карабах, кои тој ги нарекува провокација, биле испланирани претходно.
„Неодамнешните агресивни изјави на азербејџанското раководство, сеопфатните заеднички воени вежби со Турција, како и неприфаќањето на предлогот на ОБСЕ за мониторинг, јасно укажуваат дека агресијата била планирана претходно и дека станува збор за голема провокација против мирот и безбедноста во регионот“, напиша ерменскиот премиер на Twitter.
Турција, сојузникот на Азербејџан, претходно остро ја критикуваше Ерменија за конфликтот од утринава меѓу ерменските и азербејџанските сили, соопштувајќи дека Ереван е пречката за мирот и дека Анкара му дава отворена поддршка на Баку, пренесоа британските медиуми.
Пашинијан оцени дека однесувањето на Турција може да има деструктивни последици за jужен Кавказ и соседните региони.
Азербејџанскиот претседател Алиев во неделата изјави дека неговата земја сака трајно решение на регионалнот судир.
„Проблемот на Нагорно Карабах е наша национална задача. Решението е наша историска мисија. Народот мора да биде задоволен со обновувањето на територијалниот интегритет на држаата“, рече Алиев кого го цитира азарбејџанската Тuran.az.
Претходно Алиев објави почетокот на на воена операција во Карабах кој е под контрола на Ерменија, а азербејџанското министерство за одбрана, кое не соопштува за свои загуби, објави дека нејзините сили заземаче стратешки ридови и некои населени места во регионот.
„Неколкупати реков дека не ни е потребно несоврпшено репение за ова прашање, овој судир. Никогаш нема да дозволиме основање на таканаречена втора ерменска држава азербејџанска територија“, додаде Алиев.
Нагорно Карабах е планински регион се простира на околу 4,4 квадратни илимпетри, а традиционалоно е населена со христијански Ерменци и мислимански туркиски народи. Етничките Ерменци во Нагорно Карабах прогласија независност по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година, а по војната од 1992 година во 1994 година двете страни заклучија пекин на огнот.