
Швајцарските власти поради непосредна опасност од одрон во близина на алпскиот глечер Трифта, на југот од земјата, почнувајќи од саботата евакуирала повеќе од 220 луѓе.
„Ледената грамада може да се отцепи во секој момент“, предупредува полицијата на кантонот Вале во соопштение.
Јазикот на ледникот, кој упатува на спуштање на глечерот во долината, во моментов се придвижува по 130 сантиметри во ден. Доколку дел од овој ледник се отцепи, ќе претставува закана за блиското место Саас-Грунд.
Поради тоа властите евакуирале 222 лица, изјавил за AFP портпаролот на полицијата Симон Буман.
Покрај тоа, забранет е пристапот во областа под врвот Вејсмис, висок 4.017 метри. Жичниците се затворени, како и кантонскиот пат.
Овој ледник е под постојана опсервација од 2014 година, кога пристапот до оваа област беше забранет речиси три седмици. По падот на температурите забраната беше укината.