Во Свети Николе утре почнува со работа мобилниот пункт за тестирање

По барање на Кризниот штаб на Свети Николе и одобрение од Министерството за здравство почнувајќи од утре во 11.30 часот на локацијата на Нов здравствен дом ќе почне со работа мобилниот пункт на Центарот за јавно здравје Велес за земање брисеви на заболените од Ковид-19 од нашата општина, информира денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

„Пунктот ќе биде во функција сите наредни денови се до конечно тестирање на сите заболени“, рече Велковски.

Од Здравствениот дом „Г.Гаврилски” и Центарот за јавно здравје во Свети Николе веќе е утврдена динамиката за повик на сите лица со цел побрзо нивно тестирање. Дневно ќе бидат тестирани околу 25 лица, па затоа, како што рече Велковски, се апелира граѓаните да се трпеливи, бидејќи сите ќе бидат тестирани во најбрз можен рок.