Вториот случај на пренесување на новиот сој коронавирус 2019-nCoV од човек на човек е потврден во САД, соопштија во понеделникот во текот на видео-брифингот претставници на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC).
Според нивните податоци, кои ги пренесува агенцијата Reuters, вкупно 11 случаи на инфекција со новиот коронавирус се потврдени на територијата на Соединетите држави. Други поединости не се дадени.
Во извештајот се додава дека америакнските здравствени власти преговараат со колегите во Пекинг за можноста во Кина да бидат испратени американски стручњаци за справувањето со ширењето на болестите.
Минатата седмица од кинескиот град Вухан беа евакуирани околу 200 американски државјани. Авионот кој ги евакуираше на 29-ти јануари слета вовоздухопловната база Марч во сојузната држава Калифорнија. Од CDC соопштија дека тие таму ќе престојуваат во 14-дневен карантин.