Најмалки три лица загинале а уште 41 човек е ранет во експлизија на камион-бомба во близна на воена во вторникот на северот во Авганистан.
„Цел на непријателот беше базата на специјалните сили, но кога не успеал да нападне, непријателот детонираше возило во непосредна близина, нанесувајќи загуби меѓу цивилите кои биле во близина“, изјави за AFP Ханиф Резаје, воен портпарол.
„Многу куќи се оштетени и уништени. Војниците помагаат во извлекувањето на настраданите“, додал Резаје прецизирајќи дека станува за најмалку три жртви, двајца цивили и војник, и 41 ренето лице, од кои 35 се цивили.
Авганиското министерство за одбрана го потврди нападот во покраината Балх, на северот од земјата, а снимките емитувани на локалните телевизии прикажуваат уништени куќи од двете страни на макадамскиот пат.
Талибаните ја преземаа одговорноста за овој напад, кој според нивното соопштение за медиуми биле насочен кон авганистанските специјални сили кои подготвувале напад врз нивните соборци.
Претседателот Ашраф Гани го осуди нападот.
„Продолжувањето на талибанското насилство лошо влијае врз шансите да се постигне мир“, рекол во посмена изјава која ја пренесе неговиот портпарол Седик Седики.