Во Турција привремено ја затворија плажата на која беше претепана украински топ-модел

Плажата Момо во познатото турско летувалиште Чешме, каде беше пријавен тежок физички напад врз украинскиот топ-модел Дарија Кирилјук, ќе биде затворена на 15 дена, соопштија во вторникот од турското министерство за култура и туризам.

Претходно седмицава моделката Курилјук на својот профил на Instagram постави фотографи и објава дека била цел на физички напад од обезбедувањето на плажата Момо во егејското одморалиште Чешме. Како што тврдеше во објавата, обезбедувањето претепало четири девојки.

Турскиот министер за туризам Нури Мехмет Ерсој го осуди нападот и вети дека ќе ги казни одговорните за инцидентот. Концесионерот на плажата изјави дека инцидентот се случил на простор кој е надвор од неговите ингеренции, како и дека неговите вработени немаат никаква врска со инцидентот.

„По исклучителниот и непожелен инцидент од вечерта на 31-ви јули со кој се соочил наш гостин во Чешме, еден од водечките туристички центри во нашата земја, беа мобилизирани сите релевантни институции, особено министертвото за култура и туризам. Концесионерот (на плажата) е затворен на 15 дена“, соопшти министерството.

Се истакнува дека турските власти ги преземаат сите мерки на претпазливост неопходни странските туристи да ги минат годишните одмори во земјата „на мирен и безбеден начин“.

Според Кирилјук, четирите девојки, меѓу кои и самата манекенка, биле жртви на напад на плажата Момо и биле безмилосно тепани по лицата, и сите биле сериозно повредени.

„Дадовме детални описи и податоци во полицијата. Не смееме да ги затвораме очите пред она што се случи!“, напиша Курилјук на социјалните мрежи.