Во Турција прогласен за терорист, а македонското МВР му дало пасош со украден идентитет

На 20 ноември 2018 година во управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи во Скопје влегува Сенар Елтер, турски државјанин, пополнува барање, го фотографираат, му земаат отпечаток од прстот и станува македонски државјанин со украден идентитет на Нијази Тола, пишува и денеска порталот МКД.

„На 22 ноември 2018 година Елтер, како Нијази Тола излегува од Македонија, иако по него имало распишана меѓународна потерница уште од 2015 година од Интерпол Анкара. На 26 февруари годинава МВР го открива неговиот идентитет. Сенар Елтер е припадник на Унијата на заедниците на Курдистан, движење на Абдула Оџалан, кој во Турција е осуден на 7 години и 6 месеци затвор за членство во терористичка организација и по него од 2015 година има меѓународна потерница“, објави МКД.