
Во турските воздушни удар во регионот на градот Африн во северна Сирија тешко е оштетен древниот храм Аин Дара, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, што се споредува го со пустошењето на древната Палмира од страна на џихадистичката Исламска држава.
„Храмот датира од арамејската ера (1300 до 700 година пред Христа – з.р.). Уништено е околу 60 отсто од градбата“, изјавил за AFP, Рами Абделрахман, директор на SOHR.
Оваа града е откриена во 1982 година, се простира на околу 50 хектари и е позната по остатоците од големите издлабени блокови од базалит и по ѕидните релјефи, потсети директорот за старини и музеи на Сирија, Мамун Абделкарим.
„Три илјади години цивилизација се уништени само во еден воздушен удар“, изјавил Абделкарим изразувајќи големо жалење.
Сириската Управа за сириски старини и музеи во соопштение ги осуди турските удари врз археолошките наоѓалиште во Африн, потврдувајќи ја информацијата за „уништувањето на археолошкото наоѓалиште Аин Дара, едно од археолошки највредните градби коишто ги градби на Арамејците во Сирија“.
Управата ја повикува меѓународната заедница да изврши притисок врз Турција „за да се спречи археолошките и културните локации да бидат цели на гранатирања и бомбардирања“, пренесе сириската државна новинска агенција SANA.
Турската армија засега не е достапна за коментар, забележува во својот извештај агенцијата AFP.
Сириската граѓанска војна, којашто започна во март 2011 година поддржана од сунитските монархии и држави во регионот и нивните западни сојузници во прв ред САД, резултираше со нанесување огромни штети на многу историски непроценливо вредни историски градби и наоѓалишта, меѓу кои и „пустинската Венеција“ градот Палмира и старото градско јадро на Алепо, кои се на листата на УНЕСКО на светското културни наследство.