Првата њујоршката легална продавница за ткн рекреациска марихуана е отворена во четвртокот во самиот центар на Менхетен, во квартот Ист Вилиџ.
Повеќе од сто луѓе се натискале во продавницата која на води непрофитното здружение „Housing Works“ посветена на борбата против бездомништвото и СИДА-та.
„Првата легална продажба на канабис на возрасни лица е историски момент за њујоршката индустрија на канабисот“, изјави Кејти Хочул, гувернерка на четвртата најнаселена американска сојузна држава.
Додаде дека очекува оти Њујорк ќе послужи како „национален модел за безбедна и инклузивна индустрија на канабисот“.
Здружението „Housing Works“ беше една од 36-те организации или поединци кои во ноември добија дозволи за продажба на рекреациска марихуана. Целта е дозволата за тргување да им биде издадена на 150 лица коишто биле осудени поради поседување или препродавање канабис.
Приходот од данокот на продажбата на марихуаната ќе биде вложен во јавни училишта и установи за ментално здравје и борбата против зависностите, како и во станбени проекти.
Гувернерката Хочул во соопштение наведе дека забраната на марихуаната особено негативно и несразмерно влијаеле врз Афроамериканците и латино заедницата. Њујорк ја легализираше марихуаната во март 2021 година.
Градот Њујорк очекува во 2023 година продажбата на канабисот ќе достигне 1,3 милијарди долари, а во наредните три години наводно во оваа индустрија ќе бидат отворени 19.000 и 24.000 нови работни места.