![koronavirus njujork](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/koronavirus-njujork.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
Властите на американската сојузна држава Њујорк започнаа да ги собираат и објавуваат податоците за расниот идентите на починатите од коронавирусот, и во моментов повеќето од нив се белци и латиноамериканци, соопшти во средата преку својот профил на Twitter портпаролката на њујоршкиот гувернер, Мелиса Дероса.
„Веб-страницата COVID-19 беше ажуриран и сега подотоците за смртноста ја вклучуваат и расната припаднмот“, напиша Дероса.
Според податоците презентирани на веб-страницата, по анализирањето на 63 отсто од севкупниот број смртни исходи во Њујорк, 34 отсто од починатиет од коронавирусот биле хиспаноамериканци, 28 отсто се афроамериканци, 27 отсто се белци и 7 отсто се азијати.
Државата Њујорк стана главното жариште на епидемијата на коронавирусот во САД, со повеќе од 140.000 заразени, и потврдени 6.268 смртни случаи.