4.8 C
Skopje
четврток, декември 26, 2024

Во училиште во Словачка едно лице загинало по напад со нож, повредени се првачиња

Словачка е во шок по денешниот напад со нож во училиште на северот на земјата.

Според словачките медиуми, 22-годишен маж убил еден, а повредил пет лица со нож. Меѓу повредените има и деца.

Иако првично се шпекулирало дека станува збор за вработен во училиштето, полицијата подоцна соопштила дека досега нема вистински информации, но можно е дека станува збор за поранешен ученик на тоа училиште. Тој е убиен во полициска интервенција по нападот. Нападот се случил на северот на земјата во градот Врутски, а во зградата во која се случил инцидентот имало деца од основно и средно училиште и градинка.

Началникот на полицијата Милан Лукански ја опиша ситуацијата, додавајќи дека истрагата сè уште трае.

„Тој провали во училиштето кршејќи ја вратата. Но, наишол на еден храбар човек во ходникот кој се обидел да го сопре. Тој потоа упаднал во училница во прво одделение и го нападнал учителот и повредил уште две деца“, рече тој.

Повредените биле пренесени во блиската болница. Станува збор за две деца и тројца возрасни, а словачките медиуми пренесуваат дека меѓу нив е и директорот и еден вработен во училиштето.