Унгарското обвинителство подигна обвинение против 27-годишен Сириец за тероризам и злостотства против човечноста додека бил припадник на ултраридакалната сунитска организација Исламска држава (ИД) во 2015 година.
Мажот идентификуван според вообичаената практика во Унгарија како Ф. Хасан е обвинет за отсекување глави и стрелање лица кои не сакале да ѝ се приклучат на џихадистичката групација во 2015 година во сириската покраина Хомс, наведува обвинителството. Неговиот адвокат не бил веднаш достапен за коментар за медиумите.
Мажот бил фатен со фалсификувани документи на аеродромот во Будимпешта кон крајот на минатата 2018 година, по спроведената истрага на Малта, како и во Белгија и Грција со помож на Eurojust, бирото на Европската унија за правосудна соработка.
Обвинителите кои бараат доживотна казна наведуваат дека мажот направил „листа на смртта“ со имиња на лица кои не ги прифаќале целите на Исламската држава. Со неименувано соучесници му ја отсекол главата на имам, а потоа со вооружени напаѓачи убил уште најмалку 25 луѓе, вклучително и жени и деца.
Во обвинението се наведува и дека „Ф. Хасан учествувал во егзекуцијата над најмалку две лица и лично застрелал еден цивил“.