Во јуни годинава 75,3 отсто од потрошената електрична енергија во земјава била од домашно производство..
Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, вкупната потрошувачка по видови енергенси во јуни изнесува: 477 863 МВч електрична енергија, 18.291 мил. нм3 природен гас, 294 530 тони јаглен и 83 355 тони нафтени продукти.
Од вкупната потрошувашка на јаглен, 94,6 проценти отпаѓа на производство на електрична енергија.