
Војник на американскиот Корпус на морската пешадија починал во вторникот од прострелна рана по пукање на територијата на касарна на Вашингтон, се наведвуа во соопштението на маринците.
„Војник на американскиот Корпус на поморската пешадија почина од прострелна рана по додека ги извршуваше своите должности во касарната на маринскиот корпус во Вапшигнто“, се вели во соопштението.
Се истакнува дека полицијата пристигнала на местото на настатно и оти во моментов се води истрага. Поединости не се даваат, освен дека маринецот бил пренесен во болница, каде што подлегнал на повредите.
Според весникот Military Times, војникот во време на инцидентот бил на должност. Неговиот идентитет засега не се открива, како и околностите на инцидентот, само е познато дека никој не е уапсен. Истовремено, полицијата во Вашингтон објави дека нема закана по јавната безбедност.
„Командата во моментов вложува напори да преземе дејствија против сите оние кои биле инволвирани (во инцидентот)… Приоритет на командата е грижата за семејството и блиските на маринецот“, го цитира весникот полковникот Дон Томич, командант на касарната на маринскиот корпус во американската престолнина.