Во тек се градежни работи со кој се подготвува теренот за изградба на потпорен ѕид на улица „Кирил и Методи“ под црквата Св. Пантелејмон откако се урна камениот ѕид и уништи дел од улицата и го загрози сообраќајот. Во најскоро време ќе се градат и потпорни ѕидови на улиците „Димитрија Чуповски“, „Ганчо Хаџи Панзов“ и „Благој Ѓорев“.