Од 27-ми декември до денеска во Велес не се мерат концентрациите на отровните ПМ честичките во воздухот.
Инаку на почетокот од ланскиот ноевмри беше констатирано дека во Велес единствената мерна станица на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) речиси една година не мери ПМ 10 честички кои го загадуваат воздухот.
Втората мерна станица на МЖСПП во Велес елоцирана кај УСО „Коле Неделковски“, а којашто не работи веќе две години.
Иако од Министерството за животна средина и просторно планирање имаше најава дека апаратите ќе бидат поправени, тие сѐ уште не се во функција.
Мерната станица во Велес која е сместена во Детската градинка во Тунел скоро една година не мери ПМ10 честички, но затоа ги мери останатите параметри на загадување на воздухот: како сулфур диоксид, јаглен моноксид и азотни оксиди.
Граѓаните на Велес со започнување на грејната сезона деновививе се жалат на зголемено загадување на воздухот, а поради што имаат отежнато дишење посебно во вечерните и раните утринските часови.
Велешани бараат од надлежните да ја оспособи мерната станица за да знаат каков воздух дишат, а ако е загаден МЖСПП да превземи и мерки за заштита на нивното здравје од зголеменото аерозагадувањето.