Во Општата болница во Велес хоспитализирани се во моментов 46 пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни на коронавирусот, непотврдени се двајца, а негативни се 16 но тие болнички се лекуваат сѐ уште поради влошена здравствена состојба.
На кислородна поддршка се 14 пациенти, информираше портпаролот д-р Елеонора Јованова.
Утрово почина пациентка на 75 -годишна возраст од Велес, лекувана четири дена на Инфективното одделение. На ова одделение има 35 пациенти, а на одделот за физикална терапија четворица.
На двете ковид-одделенија има слободни места. Интерно Б крак има седум пациенти кои се лекуваат со последици по прележан Covid-19. Испишани се и пет оздравени пациенти