Во Влада бараат лингвист, а во ТИРЗ културолог – нови скандалозни огласи за вработување

Деновиве експресно се објавуваат огласи за вработување во државните институции, а се поочигледно е дека огласите се направени спрема кандидатите кој претходно веќе се избрани.

Таков е случајот со огласот објавен од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, каде што се бара еден лице кое дипломирало книжевност поточно лингвист, за работното место во Одделение за стратешко планирање и следење, Сектор за стратегија, планирање и следење, за кое е предвидено нето плата во висина од 22.500 денари.

Несвојствен и чуден е и огласот објавен од Дирекција за технолошки индустриски развојни зони каде што на работното место советник за координација на активностите за услуги на потенцијалните корисници во ДТИРЗ, Одделение за комуникација со потенцијални корисници во ДТИРЗ, Сектор за грижа за корисниците и комуникација со потенцијални корисни се бара лице хемичар или како што точно е наведено во огласот „хемиска технологија.“ Нето платата за ова работно место изнесува 25.023 денари.

Се поставува прашањето каква допирна точка има лице хемиски технолог со Одделение за комуникација со потенцијални корисници во ДТУРЗ? Дали институциите се полнат со професионални кадри или партиски активисти на СДСМ?

Во истиот оглас објавен од Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, за самостоен референт за подготовка на фактури и евиденција на издадени и неплатени фактури, Одделение за раководење и стопанисување со ТИРЗ се бара еден извршител од културолошката – просветна насока.

Јавноста е сведок дека СДСМ во предизборната кампања вети непартиска, професионална и ефикасна јавна и државна администрација, но сега од позиција на власт ја преполнува администрацијата со партиски кадри на сите нивоа. Членови на нивните потесни семејства, пријатели како и познаници се поставуваат на високи места без притоа да се бараат посебни критериуми.

Изминатиот период под критично око на јавноста минаа повеќе кадровски решенија на Владата на СДСМ и Зоран Заев, како огласите за вработување на децата на високи партиски функционери од владата, вработување на брачните партнери, браќата, сестрите и роднините на градоначалниците од СДСМ, се до вработувањата како оној во МЕПСО за копирант со плата од 25.000 денари, М-НАВ каде што се бараше советник без прецизни квалификации и искуство со плата од 41.000 денари, вработување на кинезиолог за јавни набавки во Министерството за образование, се до вработување на мајката на портпаролот и пратеник од СДСМ Костадин Костадинов без работно искуство во Централниот регистар со плата околу 25.000 денари.