-Кога ќе ги погледнете ставовите, ќе видите дека таму (во ВМРО-ДПМНЕ) се работи за мал Груевски и голем Груевски, бидејќи немаат различни политички ставови во однос на изолацијата на државата. Јас не можам да се мешам во друга политичка партија, меѓутоа, курсот што го имаат воопшто не се разликува од тоа што беше пред 11 години, ја држеа државата во изолација, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју на Сител Телевизија, на прашањето за судирот меѓу актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот претседател на оваа партија кој е во бегство, Никола Груевски.
-Има една друга димензија цела таа работа. Кога ќе ги погледнете нивните ставови, може да видите дека се работи за мал Груевски и за голем Груевски. Бидејќи тие немаат различни политички ставови во однос на изолацијата на државата, во однос на неносење на одлуки, во однос на неинтегрирањето на државата во ЕУ, немаат никакви разлики во своите политички постапки. Погледнете го ставот на сегашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, тој е против интеграција на државата во ЕУ, тој цело време наоѓа изговори. Нема став, не покажува одлучност и веројатно поради тоа им се отвора таа дебата во однос на тоа кој е малиот кој големиот Груевски во ВМРО – ДПМНЕ, рече Ковачевски.
Тој додаде дека со поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, немал никаква комуникација и дека немал никакви преговори со никој од ВМРО – ДПМНЕ.