Во вторник ќе ме уапсат, соопшти Трамп и повика на протести

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека очекува да биде уапсен во врска со истрагата од страна на окружниот обвинител на Менхетен следната недела и повика на протести поради тоа.

Во објава на социјалните мрежи во неделата, Трамп, мислејќи на себе, рече дека „водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на САД ќе биде уапсен во вторник следната недела“.

Тој се повикува на извори од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен.

„Протест, да си ја вратиме нацијата назад“, напиша тој.