Три милиони луѓе се тестирани до крајот на април во кинескиот град Вухан, каде беше првото жариште на новиот коронавирус, а властите ќе настојуваат да ги тестираат сите 11 милиони жители, јави агенцијата Ксинхуа.
Приоритет се дава на граѓаните кои досега не биле тестирани, жителите на станбени блокови во кои имало позитивни на коронавирус, како и старите лица и жителите на густо населените населби, информира градската администрација.
Медицинските установи соопштија дека во текот на викендот е пронајдена инфекција во еден кластер на граѓани во Вухан и предупредува на можен втор бран на епидемијата.
Експертите објаснуваат дека најавените масовни тестирања укажуваат на сериозна загриженост од втор бран на епидемијата.