На вака драстичен потег Кинезите се решиле поради превенција на појава на втор бран на епидемијата, пренесува Си-ен-ен.
Амбициозниот план на масовно тестирање почнал откако биле откриени шест нови случаи претходно во мај. Беа тоа првите случаи на локални инфекции по долго време без заразени.
Од 15 до 23 мај во Вухан биле тестирани околу 6,5 милиони луѓе што е околу 80 отсто од популацијата на градот. Во Вухан живеат околу 11 милиони луѓе.