![mirovna konferencija sirija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/un_2705887b.jpg?resize=620%2C387&ssl=1)
Првиот состанок во рамки на преговорите во Женева, кои што би требало да бидат посветени на спорните прашања за воспоставување на преодна сириска влада, е прекинат денеска само еден час по почнувањето, поради напнатите разгововри кои еден делегат ги опишал како „дијалог на глувите“.
Сепак, делегацијата на сириската влада и преговарачкиот тим на сириската опозиција соопштиле дека нема да ги напуштат мировните преговори.
На почетокот на денешниот состанок, владината делегација изнела документ во кој што се фокусира на потребата за сузбивање на тероризам и запирање на финансирањето и доставувањето на оружје на бунтовниците кои се борат против Асад.
Двете страни наведуваат дека опозицијата го одбила тој документ, а опозицијата соопштила дека инсистира на разговори за преодната влада како што е предвидено.