![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/apsenje-lisici.jpg?resize=696%2C480&ssl=1)
30 годишен наркобос од Македонија уапсен на аеродромот во Женева и потоа екстрадиран во Австрија (баран по потерница од ЕУ распишана 2022 година), пишува blick.ch.
Како што пишува медиумот, тој го сменил името и најверојатно се надевал дека швајцарската полиција нема да го фати. На 29 јануари, сепак бил уапсен на аеродромот во Женева.
„Уапсен северномакедонец (30), кој допатувал од Приштина. Се претпоставува дека е шеф на нарко-мафија која оперира низ Европа. Јавното обвинителство во Линц, Австрија, го обвинува мажот дека, меѓу другото, стои зад шверцот на четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. Затоа 30-годишникот се бара со потерница на ЕУ од 2022 година“, пишува швајцарскиот медиум, повикувајќи се на полициски извори.